Oсвојувањето на воздушните простори претставува вистински предизвик за секој човек, бидејќи научно e докажано дека летањето ги освежува мислите, го активира човечкиот ум и ја зголемува творечката способност.
АК „ШТИП“-Штип е спортски клуб – здружение на граѓани, формирано со цел да овозможи граѓаните да се запознаат со убавините на воздухопловните спортови.
Во рамките на клубот работи Воздухопловен Школски Центар кој врши едукативно-воспитна
дејност и нуди можност на сите заинтересирани да се стекнат со лиценца за пилот. Таргет групи се претежно ученици, но секој е добредојден, а период за обука е летниот распуст. Кандидатите за пилоти мора да поседуваат етички и морални вредности како и лекарско уверение издадено од Воздухопловна летачка комисија.
Преку своите секции Аеро Клубот членовите ги стимулира, едуцира и образува во психо физички здрави личности. Квалитетните воздухопловни кадри произлезени од овој клуб понатаму ја продолжуваат својата кариера во АРМ, МВР, дирекции и авионски компании во државата и светот. Овие професионалци понатаму без оглед на тоа каде ги однел животниот пат му остануваат верни на клубот и го поддржуваат во секој поглед. Потврда за тоа е и моменталното функционирање на клубот врз чисто волонтерска основа и огромниот ентузијазам коj членовите го вложуваат со цел клубот да работи нормално и да опстане. Покрај обуките за пилоти, нудиме за сите заинтересирани атрактивни панорамски летови со едрилица и авион на спортскиот Аеродром – Штип.
Аеро Клубот Штип е опшествено одговорна организација и претставува спој на професионален однос и стекнато реноме, етаблиран како најстар и најтрофеен во државата е добитник на престижната награда PAUL TISSANDIER на светската воздухопловна организација FAI за посебно достигнување во областа на воздухопловството.