Регистрирана установа за обука на пилоти на авион (PPL-A) и пилоти на едрилица (RF-03)
Аеро клубот „ШТИП“-Штип има богата традиција во едуцирањето и обуката на воздухопловни кадри во РМ. Во склоп на клубот функционира и воздухопловната школа за обука на моторни пилоти на авион и пилоти на едрилица, како и школа за обука на моделари која е најинтересна за најмладите генерации. Воздухопловната школа на АК „ШТИП“-Штип е сертифицирана воздухопловна организација од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство и притоа е овластена да врши обуки и курсеви за пилоти на авион и едрилица.
Обука на пилоти на авион (PPL-A) во согласност со PART-FCL
Воздухопловната школа нуди обука за стекнување на дозвола за приватен пилот на авион (PPL-A), која ви нуди можност да управувате со авион и да превезувате патници за сопствени потреби кои не смеат да бидат со надокнада. За да започнете со обука потребно е да сте на минимум 17 годишна возраст и да сте со добра здравствена состојба.
Воздухопловната школа нуди обука за стекнување на дозвола за приватен пилот на авион (PPL-A), која ви нуди можност да управувате со авион и да превезувате патници за сопствени потреби кои не смеат да бидат со надокнада. За да започнете со обука потребно е да сте на минимум 17 годишна возраст и да сте со добра здравствена состојба.
За стекнување на дозволата за приватен пилот на авион потребно е да завршите теоретска и практична обука која е во согласност со законските прописи пропишани од Агенција за цивилно воздухоплоство и JAA. Целата обука е во согласност со PART-FCL 1 и ICAO стандардите.
Теоретската обука се состои од најмалку 140 часа теоретска настава во кои се изучуваат 9 предмети кои се доволни за да стекнете одредено знаење потребно за имателот на дозвола на приватен пилот на авион.
Предметите кои се изучуваат се:
· Аеродинамика
· Метеорологија
· Човечки можности и ограничувања
· Планирање на лет и перформанси
· Радиотелефонија
· Навигација
· Познавање на воздухопловите
· Принципи на лет
· Оперативни процедури
На крајот од теоретската настава, потребно е да се полага теоретски испит пред Комисија од АЦВ и по успешно завршување на испитот се стекнувате со сертификат за положен теоретски дел од испитот за дозвола на приватен пилот на авион. Сертификатот е со важност од 18 месеци во кој период мора да биде завршена практичната обука и да биде положен практичен испит за стекнување на PPL дозвола.
Практичниот дел од обуката се состои од минимум 45 часа вкупен налет во кој пилотот-ученик должен да научи безбедно и совесно да управува со воздухопловот. Пред започнување на практичната обука кандидатот е должен да има важечко лекарско уверение класа 1 или класа 2 издадено од овластен центар за воздухопловна медицина (AME/AMC).
Практичната обука се смета за завршена ако пилотот-ученик има:
· вкупен налет не помалку од 45 часа
· минимум 25 часа налет со инструктор
· најмалку 10 часа самостоен налет под надзор
· најмалку 5 часа налет на маршрута
· лет на маршрута со должина од 270 км
и согласност од инструкторот дека кандидатот е спремен да излезе на испит за стекнување на дозвола за приватен пилот на авион пред испитувач (FE) кој е назначен од АЦВ.
За информации околу одредени законски норми и начинот на спроведување на испитот ве молиме посетете ја веб страна на Агенцијата за цивилно воздухоплоство: www.caa.gov.mk или контактирајте со нас.
Oбука на пилоти на едрилица во согласност со ICAO
Исто така во воздухопловната школа на нашиот клуб се нуди и обука за пилоти на едрилица која се спроведува во согласност со постоечките законски норми и прописи на РМ. Едриличарството е еден од најдобрите начини на летање без мотор, кој причинува огромно задоволство на пилотот кој во текот на летот го слуша само звукот на воздухот и ги користи термичките столбови и воздушните струења кај орографските препреки за постигнување на височина.
За да започнете обука за пилот на едрилица мора да имате минимум 15 години и да сте психофизички здрав. Обуката се врши на едрилица од типот Бергфалке 3, двосед, наменет за основна обука и тренажа на пилоти како и за обука во основни акробации со едрилица, додека во текот на напредната обука и обуката во едрење исто така се користат и високоспособните едрилици-едноседи Вук-Т и Цирус 75.
Обуката се состои од теоретска настава и практична обука.
Теоретската настава во главно се состои од изучување на основните предмети кои се потребни за едриличарите и тоа:
· Аеродинамика
· Метеорологија
· Радиотелефонија
· Навигација при едрење
· Познавање на едрилиците и нивната градба
· Техники на едрење и прелети
· Познавање на падобрани и неговите својства
Практичната обука се состои од два дела. Првиот дел е обука со инструктор која може да се изведе со старт со витло или аерозапрега. Цел на овој дел од обуката е да го оспособи кандидатот за самостојно летање, при што безбедно и совесно ќе управува со едрилицата. Првиот самостоен лет кандидатот би требало да го направи од 40-50 лет на едрилица.
Вториот дел од обуката се состои од обука во едрење и самостални летови со едрилица. Овој дел најчесто се состои од 15-20 летови кои ќе го оспособат кандидатот и ќе му помогнат да стекне услов за излегување на испит за стекнување на дозвола за пилот на едрилица.
Пред првиот самостоен лет кандидатот е должен да има важечко лекарско уверение класа 2 издадено од воздухопловна медицинска комисија.
Обука на моделари
Денес, се популарно и привлекува поголемо внимание на најмладите, но и на постарите лица е и моделарството.
Без разлика дали се работи за воздухопловно моделарство, ракетно моделарство или управување со радиокомандувани модели претставува големо задоволство за сите генерации. Во воздухопловната школа можат да ви излезат во пресрет и да ве обучат за било кој дел од моделарството.
Радиокомандуваните модели во денешно време се се попопуларни меѓу народот и на нашиот аеродром често можат да се забележат наши членови како летаат со радиоуправувани авиони и хеликоптери. Доколку сте заинтересирани за воздухопловство, а сепак мислите дека летањето со авион или едрилица е преголем предизвик за Вас, пробајте со моделарството.
Доколку сте заинтересирани за било кој од наведените курсеви и обуки Ве молиме да не контактирате со цел да Ви помогнеме и излеземе во пресрет. За контакт информации притиснете тука.