СПОРТСКИ АЕРОДРОМ „ШТИП“ LWST
Аеродромот LWST е оддалечен 4км северо-западно од градот Штип. Наменет е за воздухопловно-спортски активности.
Прирачник : Shtip Airfield Chart
Пистата се наоѓа на 309мнв. со правец на протегање од 144°-324°.
Полетно-слетна патека: 14/32 со димензии 1000х100м.
Пистата е тревната и не е опремена со светлосна сигнализација за во ноќни услови. Покрај пистата се наоѓа хангар и платформа на која можат да се сместат повеќе воздухоплови.
На овој аеродром можат да оперираат воздухоплови со максимална тежина до 5700кг. На аеродромот се користи само гориво од типот АБ 100/130.
Радиофрекфенцијата за сите спортски аеродроми е 123.50 Mhz.
Координати на средината од пистата (ARP): N 41° 45′ 33.3″ E 22° 08′ 52.5″
Школски круг за авиони за писта 14/32 е источен школски круг со висина од 1000 ft QFE, додека за едрилици важи истиот школски круг со тоа што
за писта 32 зона за работа со едрилици е над хангар и понатаму се користи лев школски круг.
За едрилици школскиот круг за писта 14 е ист како и за авионите со тоа што зоната за работа со едрилици е на источната страна од ПСП. Школскиот круг за едрилици за писта 14 е лев.
Школски круг за едрилици (Писта 14).
Школски круг за авиони (Писта 14/32), висина 1000 ft QFE.
Школски круг за едрилици (Писта 32).
Важни информации!!! Задолжителна најава за сите авиони и едрилици пред слетување или полетување од Штип на 123.50 Mhz или на телефон 078/472-932
Препреки во околина на аеродром на југоисток од референтна точка (ARP) се наоѓа антена висока 120 метри и пред праг на 32 писта има далековод.