АЕРО КЛУБ „ШТИП„-ШТИП Во склоп на аеро клуб „ШТИП“-Штип постојат повеќе секции во кои се извршуваат  активности од страна на нашите членови. Подолу може да се запознаете со секоја од нив.  Денес во клубот најактивни се секцијата за моторно летање, едриличарската секција и  моделарската секција.   СЕКЦИЈА ЗА МОТОРНО ЛЕТАЊЕ   Почетоците на делувањето биле на аматерска основа на авионите: Потез , Тројка ,  Курир  и Аеро.За разлика од тој период денес воздухопловната школа работи со огромен  професионализам и современи воздухоплови. Неслучајно се наоѓаме на врвот на  воздухопловната пирамида за кое говорат постигнатите резултати на државните,  балканските и европските натпревари во рели летање. Горди сме што низ оваа школа  поминале голем број на членови, некои од нив работат во авиокомпаниите, некои се  пилоти во АРМ и МВР.  Обуката за моторни пилоти на авион досега се вршеше на авион од  типот Утва-75, а наскоро се очекува да обуката за моторни пилоти на авион се врши на  авион од типот Цесна 172. Инструктори по моторно летање се: Митко Петешев и  Ивановски Раде.         ЕДРИЛИЧАРСКА СЕКЦИЈА Уште во 1946 год. со формирањето на Воздухопловниот сојуз на Македонија ,  едриличари од нашиот клуб посетуваат обука на едрилици од типот Врабец кои биле  влечени со гумени сајли. Наставник на летање биле Петковски Љубе. Потоа со  воздухопловната школа раководел Јордан Ангелковски се до доаѓањето на Јаневски Борис  и Ивановски Раде на чело на воздухопловната школа. Обучени се генерации и генерации  на едриличари и добитници сме на златни , сребрени и бронзени медаљи на натпревари  како во државата така и надвор од неа. Денес аеро клубот поседува едрилица Бланик Л  23 за обука и Вук-Т и Цирус за тренажа , т.е одлични услови за развој на  едриличарството. Обуката се врши со помош на автовитло кое неодамна наши членови  успеаја да го реставрираат и вратат во живот автовитлото кое после 30 години пак  успежно функционира на нашиот аеродром.   Денес во аеро клубот, инструктори по едриличарство се Стојанов Метотка и  Ивановски Раде.               МОДЕЛАРСКА СЕКЦИЈА Моделарската секција од секогаш била една од најуспешните секции кое се должи на  вештите раце на инструкторите започнувајќи со Ацо Коцанов и Лазо Рунтев во  четириесетите година на минатиот век , продолжувајќи со Александар Успрцов и Андреја  Рунтевски, па се до денес со Ѓорѓи Георгиев и Станиша Петровиќ. Десет години во  континуитет ракетните моделари се учесници на европски и светски натревари и се едни  од најтрофејните ракетни моделари во светот. Како членови на ФАИ секоја година сме  организатори на Светски Куп во ракетно моделарство. Во последно време голем е  интересот на нашите членови кон радиоуправуваните модели кои се почесто можат да се  сретнат на нашиот аеродром. Најпопуларни меѓу нив се РК тренажни авиони и  хеликоптери.  ПАДОБРАНСКА СЕКЦИЈА Падобранската секција во нашиот клуб ја водел Аки Ибраимовски се до 1970год. , а  подобрите падобранци биле испраќани на курсеви за фигуративни скокови во Вршац.  Еден од поистакнатите членови во тоа време бил Ристо Манчев државен репрезентативец  од 1956 до 1960год. Од 1975год. со секцијата раководи Мандиќ Драгољуб , а од 1975год.  до 1980год. Јаневски Димитар (Факир). Потоа Лазе Поповски како наставник бил цели 10  години.Во изминатиот период обучени се многу падобранци кои земаат учество на  натпревари како фигуративни, така и скокови на цел. Последната падобранска база беше  одржана во 1999 година со помош на Аеро клуб „Доне Божинов“-Куманово. 
За нас About us Lorem Ipsum Dolor Lorem Ipsum Dolor Повеќе инфо Повеќе инфо Повеќе инфо Повеќе инфо
© Аеро клуб „ШТИП“-Штип 2011-2013                          www.aerostip.com
Дома За нас Аеродром Воздухопловна школа Услуги Фото / Видео Контакт За нас