Регистрирана установа за обука на пилоти на авион (PPL-A) и пилоти на едрилица (RF-03)  Аеро клубот „ШТИП“-Штип има богата традиција во едуцирањето и обуката на  воздухопловни кадри во РМ. Во склоп на клубот функционира и воздухопловната школа за обука  на моторни пилоти на авион и пилоти на едрилица, како и школа за обука на моделари која е  најинтересна за најмладите генерации.   Воздухопловната школа на АК „ШТИП“-Штип е сертифицирана воздухопловна организација  од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство и притоа е овластена да врши обуки и  курсеви за пилоти на авион и едрилица. 
Flight school
Новости
Воздухопловна школа Убавината е во летањето, незаборавното искуство и чувството на слобода
© Аеро клуб „ШТИП“-Штип 2011-2013                          www.aerostip.com
Обука на пилоти на авион (PPL-A) во согласност со JAR-FCL Воздухопловната школа нуди обука  за стекнување на дозвола за  приватен пилот на авион (PPL-A),  која ви нуди можност да управувате  со авион и да превезувате патници  за сопствени потреби кои не смеат да бидат со надокнада.  За да започнете со обука потребно е да сте на минимум 17  годишна возраст и да сте со добра здравствена состојба. За стекнување на дозволата за приватен пилот на авион  потребно е да завршите теоретска и практична обука која е во согласност со законските прописи пропишани од  Агенција за цивилно воздухоплоство и JAA. Целата обука е  во согласност со JAR-FCL 1 и ICAO стандардите.  Теоретската обука се состои од најмалку 140 часа  теоретска настава во кои се изучуваат 9 предмети кои се  доволни за да стекнете одредено знаење потребно за  имателот на дозвола на приватен пилот на авион.  Предметите кои се изучуваат се: - Аеродинамика;  -   Метеорологија; -   Човечки можности и ограничувања;  -   Планирање на лет и перформанси;  -   Радиотелефонија;  -   Навигација; -   Познавање на воздухопловите;  -   Принципи на лет;  -   Оперативни процедури;  На крајот од теоретската настава, потребно е да се полага  теоретски испит пред Комисија од АЦВ и по успешно  завршување на испитот се стекнувате со сертификат за  положен теоретски дел од испитот за дозвола на приватен  пилот на авион. Сертификатот е со важност од 18 месеци  во кој период мора да биде завршена практичната обука и  да биде положен практичен испит за стекнување на PPL  дозвола. Практичниот дел од обуката се состои од минимум 45 часа  вкупен налет во кој пилотот-ученик е должен да научи  безбедно и совесно да управува со воздухопловот. Пред  започнување на практичната обука кандидатот е должен да  има важечко лекарско уверение класа 1 или класа 2  издадено од овластен центар за воздухопловна медицина  (AME/AMC).  Практичната обука се смета за завршена ако пилотот-  ученик има:  - вкупен налет не помалку од 45 часа;  - минимум 25 часа налет со инструктор;  - најмалку 10 часа самостоен налет под надзор; - најмалку 5 часа налет на маршрута;  - лет на маршрута со должина од 270 км.  и согласност од инструкторот дека кандидатот е спремен да излезе на испит за стекнување на дозвола за приватен  пилот на авион пред испитувач (FE) кој е назначен од АЦВ.  За информации околу одредени законски норми и начинот  на спроведување на испитот ве молиме посетете ја веб  страна на Агенцијата за цивилно воздухоплоство: www.caa.gov.mk или контактирајте со нас.
Oбука на пилоти на едрилица во согласност со ICAO Исто така во воздухопловната школа  на нашиот клуб се нуди и обука за  пилоти на едрилица која се  спроведува во согласност со  постоечките законски норми и прописи на РМ. Едриличарството е еден од  најдобрите начини на летање без  мотор, кој причинува огромно задоволство на пилотот кој во текот на летот го слуша само звукот на воздухот и ги користи термичките столбови и воздушните струења кај орографските препреки за постигнување на височина. За да започнете обука за пилот на едрилица мора да имате  минимум 15 години и да сте психофизички здрав. Обуката се  врши на едрилица од типот Супер Бланик Л23, двосед  наменет за основна обука и тренажа на пилоти како и за  обука во основни акробации со едрилица, додека во текот на напредната обука и обуката во едрење исто така се користат и високоспособните едрилици-едноседи Вук-Т и Цирус 75. Обуката се состои од теоретска настава и практична обука. Теоретската настава во главно се состои од изучување на  основните предмети кои се потребни за едриличарите и тоа: -   Аеродинамика; -   Метеорологија; -   Радиотелефонија; -   Навигација при едрење; -   Познавање на едрилиците и нивната градба; -   Техники на едрење и прелети; -   Познавање на падобрани и неговите својства; Практичната обука се состои од два дела. Првиот дел е обука со инструктор која може да се изведе со старт со витло или аерозапрега. Цел на овој дел од обуката е да го оспособи кандидатот за самостојно летање, при што  безбедно и совесно ќе управува со едрилицата. Првиот  самостоен лет кандидатот би требало да го направи од 40-50 лет на едрилица. Вториот дел од обуката се состои од обука во едрење и  самостални летови со едрилица. Овој дел најчесто се состои од 15-20 летови кои ќе го оспособат кандидатот и ќе му  помогнат да стекне услов за излегување на испит за  стекнување на дозвола за пилот на едрилица. Пред првиот самостоен лет кандидатот е должен да има  важечко лекарско уверение класа 2 издадено од  воздухопловна медицинска комисија.  
Обука на моделари Денес, се популарно и  привлекува поголемо внимание на  најмладите, но и на постарите лица е и моделарството. Без разлика дали се работи за  воздухопловно моделарство, ракетно моделарство или управување со  радиокомандувани модели  претставува големо задоволство за сите генерации. Во  воздухопловната школа можат да ви излезат во пресрет и да ве обучат за било кој дел од моделарството. Радиокомандуваните модели во денешно време се се  попопуларни меѓу народот и на нашиот аеродром често  можат да се забележат наши членови како летаат со  радиоуправувани авиони и хеликоптери. Доколку сте  заинтересирани за воздухопловство, а сепак мислите дека  летањето со авион или едрилица е преголем предизвик за  Вас, пробајте со моделарството.
Доколку сте заинтересирани за било кој од наведените курсеви и обуки Ве молиме да не контактирате со цел да Ви помогнеме и излеземе во пресрет. За контакт информации притиснете тука.
1.АКШТИП-Штип започнува обука на пилоти на авион и едрилица. За повеќе информации, контактирајте не.
2.Вршиме панорамски летови со авион Цесна 172 по најниски цени од 25 евра по лице (мин. две лица).
3.Панорамски летови со едрилица за само 15 евра по лице.
Дома За нас Аеродром Воздухопловна школа Услуги Фото / Видео Контакт Воздухопловна школа