Аеро клуб „ШТИП“-Штип       Аеро клуб „ШТИП“-Штип нуди разни услуги од областа на воздухоплоството и со дел од нив ќе  се запознаете на оваа страна. Овие услуги се достапни на ѓраѓаните и правните лица. Еве неколку  примери на услуги кои се нудат, а сме отворени за разговор и разгледување на други услуги и  решение кои Вие ќе ги предложите. 
Air Services
Новости
Воздухопловни услуги Убавината е во летањето, незаборавното искуство и чуството на слобода
© Аеро клуб „ШТИП“-Штип 2011-2013                          www.aerostip.com
Доколку сте заинтересирани за било кој од наведените курсеви и обуки Ве молиме да не контактирате со цел да Ви помогнеме и излеземе во пресрет. За контакт информации притиснете тука.
ПАНОРАМСКИ ЛЕТОВИ СО АВИОН Доколку сакате да испробате како е да сте во воздух и да го видите Вашиот роден град или омилено место од воздух, а сепак сметате дека не сте  заинтересирани за обука за пилот на авион, имаме предлог и за Вас!  Нудиме панорамски летови за ѓраѓаните со времетраење во зависност со Вашите желби.  За информации околу слободни термини и цена на оваа услуга, притиснете тука. Цени за панорамски летови од 25 евра по лице (минимум 2 лица).  
Сквер паб, Штип
ПАНОРАМСКИ ЛЕТОВИ СО ЕДРИЛИЦА Ви ја нудиме уникатната можност да летате со едрилица-двосед Супер  Бланик Л-23 и да го осетите чуството на слободен лет без мотор, да се  почуствувате како птица и да уживате во прекрасните глетки од воздух. АК „ШТИП“-Штип нуди два начини на повлекување на едрилицата, односно  нејзино подигнување во воздух: со помош на аерозапрега (влечење со  авион) или старт со витло каде што едрилицата се издигнува со помош на  сајла која е влечена од специјално средство на земјата, наречено  автовитло. Со помош на автовитло едрилицата од 0 до 300 метри висина се издигнува за неверојатни 40 секунди! Целото ова задоволство ќе ви биде овозможено за неверојатно ниски цени прилагодени за сечиј џеб. Цена за еден панорамски лет:     - старт со аерозапрега   - 35 евра по лице;      - старт со витло               - 15 евра по лице. 
Поглед на Штип од едрилица
ФРЛАЊЕ НА ЛЕТОЦИ И РЕКЛАМНИ МАТЕРИЈАЛИ АК „ШТИП“ ви нуди и фрлање на летоци од воздух со што најефикасно,  најбрзо и впечатливо ќе се изрекламира Вашиот бизнис, настан или  манифестација. Со оваа шанса Ви се отвараат можности за реклама на  територијата на цела Р. Македонија. Цената на оваа услуга е варијабилна во зависност од должината на летот и бројот на летоци, за подетални информации пополнете го формуларот на  следниов линк - кликнете тука. НОВО!!! НАЈПОВОЛНА ЦЕНА ЗА ШТИП: 100 Евра за фрлање на 5000  летоци/рекламен материјал на територија на Штип.
АЕРОФОТОГРАФИРАЊЕ Можност да фотографирате Ваше омилено место, град или објект од  воздух. Фотографии кои знаат да го одземат здивот на луѓето, фотографии кои ни го прикажуваат светот во едно друго светло и друга димензија. За информации околу оваа услуга, кликнете тука и пополнете го  формуларот.
т.н Кинески ѕид , Штип
НАДЗОР НА ПАТИШТА, ИНСПЕКЦИЈА НА ДАЛЕКОВОДИ И ЗАШТИТА ОД ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ Ви нудиме надзор од воздух на проток на сообраќај на патиштата низ  државата како и навремено известување за одредени доцнења,  сообраќајни несреќи како и инспекција на далеководи и превенција од  евентуални природни непогоди (поплави и пожари). За информации околу оваа услуга, кликнете тука и пополнете го  формуларот.
Дома За нас Аеродром Воздухопловна школа Услуги Фото / Видео Контакт Услуги