Добредојдовте на веб страната на Аеро клуб „ШТИП“-Штип        АК „ШТИП“-Штип е спортски клуб, кој има за цел да ги  здружува граѓаните и да им овозможува преку обуки,  курсеви, семинари и натреварувачки дисциплини да  се запознаат со воздухопловните спортови во  Р.Македонија и пошироко. Иако е на волонтерска  основа и целото финансирање на клубот се базира на  работата на членовите и плаќањето на членарина , забележан е голем ентузијазам со цел да се  задржи оваа воздухопловна организација на нозе. Во моментот воздухопловната школа нема  приходи од државните институции, кои за жал заборавија на ваквите организации кои имаа голем  придонес во минатото. До 1998 година во воздухопловната школа имаше 6 вработени кои беа под  капата на Министерство за образование и се грижеа да од редовите на воздухопловната школа  излезат мнозина квалитетни воздухопловни кадри кои понатаму ќе служат за потребите на АРМ, МВР  и авионските компании во државата. Преку 85 годишна традиција, професионален однос и  современи воздухоплови. Единствен начин да се запознаете со тајните на летањето е во летачката  школа на аеро клубот која врши обука на пилоти на авион, пилоти на едрилица, како и обука на  падобранци, моделари и параглајдеристи преку целата година.  Аеро клубот постои од 1924 година и извршува обука на моделари, падобранци, едриличари и  моторни пилоти. Првиот голем аеро митинг е одржан во 1927година, а првиот скок со падобран е  направен во 1936година. Обучени се голем број на генерации на падобранци, едриличари и моторни  пилоти. Во 1982год. како најуспешен аеро клуб е избран за домаќин на 25.Југословенско аеро рели.  Во последните триесетина години во континуитет наши членови се државни прваци во  едриличарство. Ракетното моделарство како воздухопловна спортска дисциплина е најзастапена во  аеро клубот и воедно сме Европски и Светски прваци од 1996 до 2005 год.       
WELCOME
Новости
Добредојдовте Убавината е во летањето, незаборавното искуство и чувството на слобода
© Аеро клуб „ШТИП“-Штип 2011-2013                          www.aerostip.com
1.АКШТИП-Штип започнува обука на пилоти на авион и едрилица. За повеќе информации, контактирајте не.
2.Вршиме панорамски летови со авион Цесна 172 по најниски цени од 25 евра по лице (мин. две лица).
3.Панорамски летови со едрилица за само 15 евра по лице.
Дома За нас Аеродром Воздухопловна школа Услуги Фото / Видео Контакт www.aerostip.com www.aerostip.com www.aerostip.com Дома