Флота Fleet Lorem Ipsum Dolor Lorem Ipsum Dolor Повеќе инфо Повеќе инфо Повеќе инфо Повеќе инфо
© Аеро клуб „ШТИП“-Штип 2011-2013                          www.aerostip.com
Во прилог може да ги разгледате авионите и едрилиците од флотата на аеро клуб „ШТИП“-Штип кои се користат за обука и тренажа на пилоти во нашата воздухопловна школа.
АВИОНИ
Z3-DCF Авион Утва-75 , двосед, произведен 1981 година, наменет за обука на моторни  пилоти, како и за влечење на едрилици, транспаренти и фрлање на летоци.  Произведен е во поранешна Југославија и притоа бил користен како авион  наменет за обука на војните пилоти на ЈНА. Особено популарен е на  Балканските простори, каде што и ден денес може да се сретне во голем број. Спецификации: Тип на мотор: IO-360-B1F Сила на мотор: 180 КС Крстаречка брзина: 175 км/ч Максимален долет: 800 км
Z3-DAC Авион Cessna 172H , четворосед, произведен 1966 година, наменет за обука на моторни пилоти, како и за панорамски летови, фрлање на летоци и рекламни  материјали. Овој тип на авион претставува најупотребуваниот авион за обука на моторни пилоти и притоа е најпопупарниот авион во светот. Спецификации: Тип на мотор: О-300-D Сила на мотор: 145 КС Крстаречка брзина: 185 км/ч Максимален долет: 800 км
Z3-DAB Авион Cessna 172N . четворосед, произведен 1979 година, наменет за обука на моторни пилоти, како и за панорамски летови, фрлање на летоци и рекламни  материјали. Овој тип на авион претставува најупотребуваниот авион за обука на моторни пилоти и притоа е најпопупарниот авион во светот. Спецификации: Тип на мотор: 0-320-H2AD Сила на мотор: 160 КС Крстаречка брзина: 200 км/ч Максимален долет: 900 км
ЕДРИЛИЦИ
Z3-5005 Едрилица Супер Бланик Л-23, двосед, наменета за обука на едриличари,  тренажа на пилоти на едрилица како и за изведување на основни акробации. Спецификации:  Распон на крила: 16,2 м Макс.финеса (L/D): 1:28 Максимална брзина: 250 км/ч
Z3-4012 и Z3-4013 Високоспособна едрилица Вук-Т  ,едносед, наменета за тренажа на едриличари, изработена од композитни материјали. Спецификации:  Распон на крила: 15 м Макс.финеса (L/D): 1:37 Максимална брзина: 240 км/ч
Z3-4014 Високоспособна едрилица Цирус 75 ,едносед, наменета за тренажа на  едриличари и напредно едрење, изработена од композитни материјали. Спецификации:  Распон на крила: 15 м Макс.финеса (L/D): 1:38 Максимална брзина: 220 км/ч
Дома За нас Аеродром Воздухопловна школа Услуги Фото / Видео Контакт Резервирај Резервирај Повеќе инфо Повеќе инфо