Во прилог може да ги разгледате авионите и едрилиците од флотата на аеро клуб „ШТИП“-Штип кои се користат за обука и тренажа на пилоти во нашата воздухопловна школа.


АВИОНИ

Z3-DCF

Авион Утва-75 , двосед, произведен 1981 година, наменет за обука на моторни   пилоти, како и за влечење на едрилици, транспаренти и фрлање на летоци.   Произведен е во поранешна Југославија и притоа бил користен како авион   наменет за обука на војните пилоти на ЈНА. Особено популарен е на   Балканските простори, каде што и ден денес може да се сретне во голем број. Спецификации: Тип на мотор: IO-360-B1F Сила на мотор: 180 КС Крстаречка брзина: 175 км/ч Максимален долет: 800 км

Z3-DAB

Авион Cessna 172N . четворосед, произведен 1979 година, наменет за обука на моторни пилоти, како и за панорамски летови, фрлање на летоци и рекламни   материјали. Овој тип на авион претставува најупотребуваниот авион за обука на моторни пилоти и притоа е најпопупарниот авион во светот. Спецификации: Тип на мотор: 0-320-H2AD Сила на мотор: 160 КС Крстаречка брзина: 200 км/ч Максимален долет: 900 км

ЕДРИЛИЦИ

Z3-5007

Едрилица Бергфалке 3, двосед, наменета за основна обука на едриличари тренажа на едриличари, како и за панорамски летови.   Спецификации: Распон на крила: 16,6 м Макс.финеса (L/D): 1:28 Максимална брзина: 160 км/ч

Z3-5005

Едрилица Супер Бланик Л-23, двосед, наменета за обука на едриличари,   тренажа на пилоти на едрилица како и за изведување на основни акробации. Спецификации:   Распон на крила: 16,2 м Макс.финеса (L/D): 1:28 Максимална брзина: 250 км/ч

Z3-4012 и Z3-4013

Високоспособна едрилица Вук-Т ,едносед, наменета за тренажа на едриличари, изработена од композитни материјали. Спецификации:  Распон на крила: 15м; Макс.финеса (L/D): 1:37; Максимална брзина: 240 км/ч.

Z3-4014

Високоспособна едрилица Цирус 75,едносед, наменета за тренажа на   едриличари и напредно едрење, изработена од композитни материјали. Спецификации: Распон на крила: 15м; Макс.финеса (L/D): 1:38; Максимална брзина: 220 км/ч.